Петков рече дека Северна Македонија нема да биде дел од ЕУ најмалку во следните 10 години

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Северна Македонија нема да биде дел од ЕУ најмалку во следните 10 години. Според Петков, овој период треба да се искористи за трансформирање на Македонија во европска земја. Петков рече дека Бугарија секое поглавје ќе го условува со барањата на официјална Софија.
„Гаранцијата за правата на Бугарите во Северна Македонија може да се обезбеди во текот на европскиот процес. Ако овие права се запишани во европскиот договор, тогаш тоа значи дека не само Бугарија, што ќе се грижи за нив, туку и ЕУ ќе се заложи за нивните права. Погрешен начин на размислување е ако не прашуваат дали ќе го укинеме ветото или не. Северна Македонија ќе биде дел од ЕУ најрано за 10 години. Треба сами да ги поставиме условите, како на пример Уставот пред отворањето на првото поглавје“, рече Петков.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ги ставовите на бугарскиот премиер рече дека Софија бара асимилација на Македонците во Бугари. Според него, се додека Скопје не прифати дека правата на Бугарите се мултилатерални прашања, никогаш нема да започне преговори со ЕУ.
Мицкоски додаде дека народот треба да биде подготвен доколку Владата потпише таков документ, тогаш ќе започне првата меѓувладина конференција, но никогаш нема да почнат преговори додека не прифатиме да се асимилираме.
Адриан Керими