
Лидерот на „Продолжуваме со примената“, Кирил Петков, се надева дека до крајот на следната недела ќе биде потпишан договор за коалицирање со бугарската Социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“. Доколку тоа се случи, Бугарија може да има редовна влада, предвидува Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената“ која победи на парламентарните избори.
Петков ја даде изјавата при влезот во Народното Собрание каде денеска се одржува првата седница на новоизбраниот Парламент, јавува бугарскиот сервис на РСЕ.
Слична прогноза, на влезот во Народното собрание даде и лидерката на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова. Таа рече дека Кирил Петков се уште не зборувал за идни министри и рече дека не е точно дека четирите партии се договориле таа да биде претседател на Народното Собрание.