ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петков со оценка за меѓувладината седница: Прогресот е опиплив

„Прогресот кој беше направен e опиплив, со јасни резултати и се одржа по сосема различен и конструктивен тон, за разлика од она што било во претходни години. Од сега па натаму заедничката работа се надевам ќе доведе до добрососедството, кое сите ние веруваме дека ќе се случи“, кажа бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на денешната владина седница, на која ќе се разгледуваат односите НАТО-Русија.

Тој им се заблагодари на министрите од неговата Влада, особено на министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска за организирањето на вчерашната меѓувладина седница со македонските колеги и додаде:

„Верувам дека ова ќе е еден прв чекор од еден релативно долг пат, но со забележливи резултати кои сите ќе ги постигнеме“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button