ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петковска: Судскиот совет нема легитимитет, членовите да си поднесат оставки

Петковска: Судскиот совет нема легитимитет, членовите да си поднесат оставки

Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“, беше поканета во емисијата „360 степени“ на Алсат. Коментирајќи ги последните случувања во судскиот систем, со посебен акцент на случувањата во Судскиот совет, таа рече дека советот нема легитимитет и оти неговите членови тело треба да поднесат оставки.

Advertisements

„Стоиме на ставот дека во моментов овој состав на Судскиот совет е нелегитимен и нема легитимитет да ја штити независноста на судството и да го води ова судско тело. Значи, коалицијата, но и над 20 други граѓански организации кои се дел од платформата за борба против корупцијата и групата за реформи во правосудството, сите сме во иста позиција, сите членови да поднесат колективна оставка “, повика Петковска. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button