ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петличковски: Невозможно е 115 пациенти да се реинфицирани

Невозможно е во Македонија да има околу 115 реинфицирани со коронавирус, смета директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски. Тој во емисијата „360 степени“ рече дека реинфицирањето е многу ретко и во светски рамки се регистрирани 10 до 15 случаи.

Advertisements

„Теоретски реинфекцијата е можна, не е исклучена, но тоа е толку многу редок настан што нема шанси во Македонија да има 115 случаи на реинфицирани. Ако тоа беше навистина така, значи на 115 илјади би имале 10 проценти потврдени реинфекции. Тоа би значело дека никогаш нема да излеземе од кругот на пандемијата, а тоа не е случај.“

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, рече дека имала тројца пациенти кои тврделе дека се реинфицирани бидејќи претходно имале позитивен ковид-тест. Стевановиќ ги побарала податоците од тестовите во лабораториите во кои се тестирале конкретните пациенти. Се покажало дека при првите тестови биле асимптоматски, а кога повторно добиле позитивен тест, по неколку месеци, имале развиено слаба клиничка слика.

„Интересно е што сите тројца имаа негативни антитела после првото тестирање за ковид-19, што значи дека не можеш баш да сметаш дека биле позитивни. Дали биле колонизирани, дали имало некакво загадување, дали транспортот на примерокот бил несоодветен? Има мал милион можности. Тоа беше масовно тестирање кога можело да се случи извесна грешка.“

Зборувајќи за теренската студија спроведена на случајни минувачи од земјава, која покажа дека околу 30 отсто од тестираните имаат антитела на ковид-19, Петличковски рече дека идеално би било кога остатокот од процентот до колективен имунунитет би се пополнил со вакцинирање.

Стевановиќ, пак, зборуваше за разликата во клиничката слика и симптомите кај британскиот сој на вирусот. Рече дека не може да се каже дали смртноста е поголема или не, но забележува дека пациентите со британскиот сој имаат значително повисока температура. Посочува дека секој пациент треба да се следи индивидуално.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button