МАКЕДОНИЈА
Петличковски: Во Комисијата ќе се отвори дебата и за ковид сертификатите

Комисијата за заштита од заразни болести ќе дебатира околу можноста за евентуално повлекување на ковид сертификатите, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, проф. Александар Петличковски.
„Сертификатите по малку го губат значењето затоа што мерката воведување сертификати беше да се ограничи пристапот на неимунизирани луѓе на јавни места. Оваа мерка во некои места се повлекува, ние ќе ја разгледуваме. Мора да направиме сметка дали со повлекувањето на сертификатите ќе изгубиме нешто во темпото на вакцинација, бидејќи нашата цел е да го засилиме темпото на вакцинација“, рече Петличковски.