СВЕТ
Петмина загинати во несреќата на аеродромот во Токио

Авионот кој се запали при слетувањето на пистата на токискиот аеродром „Ханеда“, се судрил со помал авион, а во несреќата загинале сите пет членови на екипажот на помалиот авион, соопшти полицијата.
Снимките на локалната телевизија покажуваат чад што доаѓа од авион на „Јапан Ерлајнс“ на пистата во Токио, објави „Анадолија“.
Повикувајќи се на „АФП“, „Хина“ пренесе дека се верува дека авионот со 379 патници и членови на екипажот се запалил откако се судрил со авион на крајбрежната стража.