Петмината уапсени за време на протестот на 17 септември во Тетово се условно осудени

Петмината уапсени за време на протестот на 17 септември во Тетово се условно осудени. Тие ја признаа вината и се извинија на полицијата и ветија дека нема да го повторат делото. Во пресудата се наведува дека доколку го повторат истото дело во следните 3 години, ќе одлежат една година затворска казна.
Роднините на осудените се незадоволни од судската одлука. Еден од нив рече дека тие требаше целосно да бидат ослободени од обвинението и да не бидат казнети.
„Не сме задоволни затоа што луѓето што ја бранат правдата беа прогласени за виновни. Тие што протестираа излегоа да ја бранат правдата, не излегоа да кршат и уриваат, туку да изразат граѓански револт се до моментот кога полицијата ги блокираше овие луѓе и започна инцидентот“.
Организаторот на протестот Блерим Амеди, заедно со уште четири лица од Тетово, беа уапсени за насилство за време на протестот на 17 септември. Протестот беше организиран од семејствата на 14 -те жртви кои починаа во пожарот во модуларната болница. Во меѓувреме, истрагата за пожарот во модуларната болница се уште трае. Засега обвинителството само откри дека причина за пожарот бил продолжениот кабел каде што биле поврзани дефибрилаторот и уште два уреди.
Bashkim Sulejmani