ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петнаесетина бегалци од Украина се сместија во Охрид и Струга

Сѐ што градевме и создававме со години, го спакувавме во една торба и избегавме од Украина, со солзи раскажуваат петнаесеттината бегалци од Украина кои засолниште од руската инвазија, деновиве побараа во Струга и Охрид. Еден брачен пар со шест деца, меѓу кои и двомесечно бебе се сместени во Струга, додека во Охрид брачен пар со три мали деца, како и повозрасна жена.

Advertisements

„Ја оставивме куќата која ја градевме повеќе од пет години.Имавме свој бизнис,но моравме да заминеме, бидејки ситуацијата е многу тешка, па на 15 март го напуштивме градот. Живеевме близу аеродромот и воената база. Пукотници се слушаа уште од првиот ден кога почнаа нападите“, рече Владимир Орловски бегалец од Украина.

„Иако сме на неколку километри одалечени, толку силно беше бомбардирањето, што зидовите од нашата куќа се тресеа.Успеавме да избегаме некако, бидејќи почнаа да шетаат луѓе со оружје“, вели Марија Орловскаја- бегалец од Украина.

Во Охрид се наоѓа семејството Косиченко, од градот Полтава. Брачен пар со трите деца. Раскажуваат дека десет дена живееле во подрум, откако почнало бомбардирањето на Харков, кој бил на сто километри одалечен од нив.

„Сакавме да заминеме во Полска, но таму беше хаос, три дена се чекаше за да се патува со воз. Со волонтерски автобус стигнавме до Полска, каде останавме 19 дена но поради големиот број бегалци таму поскапеа кириите за становите и до 1000 долари за еден месец. Во еден ден побаравме сместување во 80 станови кои се издаваа, но цените беа прескапи и ни бараа да уплатиме за три месеци однапред. Овде најдовме сместување за два месеци и плативме 500 евра“, вели Олга Косиченко, бегалка.

Велат дека имаат потреба финансиска помош, храна и облека но и оти од работа. Бараат од овдешните работодавачи доколку имаат потреба од работници да ги ангажираат, бидејќи можат да им помогнат со она што го знаат.

„Досега според информациите нема лица кои побарале статус на бегалец. Сите оние коишто доаѓаат се сместуваат кај роднини и пријатели. Влезени се 1924 украински држвјани, додека од излез на државата се регистрирани 1365“, изјави Душко Арсовски -портпарол на Влада.

Владата неодамна го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина. Но од Хотелската асоцијација велат досега никој не одговорил на нивното писмо со кое изразуваа подготвеност да отстапат 30% од капацитетите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button