ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Петок работен до 13:00 часот“, ветување од ДУИ за кое денес никаде ги нема!

Претставници на ДУИ, некогаш гласни за идејата во петок да се работи до 12 или 13 часот, денеска не одговорија дали е преземена некоја конкретна иницијатива за исполнување на ова ветување. На предизборните митинзи, но и преку социјалните мрежи, на граѓаните им е беше ветено дека во петок ќе работат само четири часа. Оваа идеја фигурира и во програмата на оваа партија за периодот 2020 – 2024.

Advertisements

На 9 јули, од ДУИ за Алсат изјавија дека преку овој предлог сакаат да им овозможат на граѓаните да имаат повеќе време за семејството.

„Поставување флексибилно работно време во текот на неделата и можност за работа со скратено работно време во петок, ќе обезбеди повеќе време за семејството и подобро ментално здравје, како и поголема продуктивност”, велеа од ДУИ.

За ова ветување да се спроведе, прво треба да се направат измени и дополнувања на Законот за административни службеници. Од Министерството за Администрација велат дека за измените во овој Закон ќе се дискутира во текот на следната недела. На прашањето дали измените ќе го вклучат предлогот за преполовување на работното време во петок, од оваа институција рекоа дека тие се воздржани, додавајќи дека ова ќе се знае од понеделник. Сепак, експертите велат дека земјата сè уште не е подготвена за ваква промена.

Ставот на Организацијата на работодавачи околу ова ветување беше дека работата со скратено работно време е добра за некои сектори, но не и за компаниите каде физичкото присуство е потребно заради обемот на продуктивноста. ДУИ пред половина година во Собранието исто така се обиде да ги предложи законските решенија за преполовено работно време во петок, но предлогот не премина кај пратениците. Реакциите на јавноста тогаш беа дека работата со скратено работно време нема да се почитува во приватниот сектор и дека само вработените во државните компании ќе имаат корист од ова.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button