ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петре Шилегов и Данела Арсовска се надмудруваат за ТВ дуелот

Петре Шилегов и Данела Арсовска продолжуваат со меѓусебните обвинувања при секое јавно појавување. Независната кандидатка за град Скопје, која ја има поддршката од ВМРО, продолжува да инсистира на тоа дека ТВ дуелот со нејзиниот противкандидат нема да биде прифатен сè додека тој не се извини за, како што вели, дискредитацијата што ѝ се прави.

Advertisements

Шилегов реплицираше дека Арсовска ги потценува граѓаните, бидејќи како што вели, со одбивање да се појави на дуел, им го одзема правото да одлучат кој е најдобриот концепт за развој на градот.

Реториката меѓу двајцата кандидати уште повеќе се засили со приближувањето на вториот круг гласање, следниот викенд.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button