ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петровска: Нема реална закана за безбедноста во државата

Институциите, службите, безбедносно – разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подотвуваат доколку се лоцира предизвик да се реагира, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, додавајќи дека во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните.

Advertisements

Таа посочи дека секогаш кога се отвора нов конфликт низ светот, тој предизвикува одредени проблеми, пореметувања во постојаното функционирање на државите, независно дали е тој поблиску или подалеку.

– Што поскоро завршат воените дејствија, час поскоро може да се седне на маса и да се разговара за сите проблеми што ги поттикнале конфликтите. Знам дека многу од проблемите се тешки, причините за случувањата се проблематични, меѓутоа ништо не е повредно од човечките животи, рече таа,

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button