ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петрушевски поднесе претставка против судијата што го осуди за навреда и клевета искажана од собраниска говорница

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, информира дека денеска до Судскиот совет поднел претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, кој пресуди во корист на неговиот колега од СДСМ, Мартин Костовски, кој го тужеше Петрушевски за навреда и клевета искажана од собраниска говорница.

Advertisements

Петрушевски оцени дека поднесената претставка против Мемети е во името на слободата на говор и заштитата на критичката мисла и побара таа да биде сериозно разгледана од Судскиот совет бидејќи, како што рече, на ваквите судии не им е место во македонските судови.

„Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите коишто ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен што не се уважува пратеничкиот имунитет, додава Петрушевски, денес сме сведоци и на осуда на новинари за критичка мисла, на критичкиот извештај на Европската комисија во делот на правосудството, но и на пресуди кои стигнуваат од Судот во Стразбур за противправно постапување на македонските судови.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button