МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Преговори со сите парламентарни партии за ново мнозинство во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ е во разговори со сите парламентарни политички партии со цел промена на владејачкото мнозинство, рече во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат пратеникот на оваа опозициска партија, Бране Петрушевски. Како што кажа тој, тоа е легитимно право на секоја опозиција, без притоа да открие повеќе детали во врска со досегашниот тек на разговорите.

Advertisements

„Сѐ уште сме во фаза на разговори, како што реков, со сите парламентарни политички партии во Собранието на Република Македонија. Кога нешто ќе се официјализира тоа ќе биде соопштено на јавноста“, рече Петрушевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button