ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пецаков ќе ги враќа охридските плажи на концесионерите

За новиот охридски градоначалник, Кирил Пецаков, објектите на охридските плажи, кои пред почетокот на летната сезона дел беа отстранети, а дел затворени, не биле дивоградби.Според него станувало збор за неспособност на претходната локална власт да се справи со ова прашање. На плажите со години им беа истечени договорите за концесија, па тие работеа на диво.

Advertisements

„Сите тие беа направени со проекти кои беа прифатени од Министерството за транспорт и врски и дел општина Охрид. Како биле дивоградби. Тоа не дивоградба. Не станува збор за дивоградби,станува збор за проекти врз основа на кои беа издадени плажите на концесија,а претходната локална самоуправа вклучувајки ја и централната власт од 2017 ,а некои и од 2016 не најдоа начин да ги решат. Или зборувате можеби за дивоградбата каде срушија три цигли или дел од кровот“, рече Пецаков.

Пецаков,планира објектите на плажите кои минатото лето не работеа, повторно да почнат со работа. Инаку на дел од нив на почетокот на јуни беа отстранети платформите изградени во езерото, а објектите останаа без струја.

„Првично урбанистички ќе пробаме да ги решиме и да ги вметниме во опфатите и потоа да ги издадеме на јавно надавање повторно под концесија.И некаде до април да ја завршиме работата и да имаме можност да ги издаваме на јавно надавање,за да може плажите да бидат спремни во текот на летот да ги примаат сите оние туристи кои ќе сакаат да дојдат во Охрид“, додава Пецаков.

Градоначалникот Кирил Пецаков по се изгледа сака да го врати Охрид во минатото кога 11 години владееше ВМРО ДПМНЕ, а во градов дивееше тотален урбанистички хаос, реагираат од СДСМ Охрид.

„Пецаков може да ветува брда и долини и разбирливо дека ќе мора да го испорача тоа што им го вети на некогашните бесправни концесионери на плажите, но сето тоа што планира да го прави се коси со законот и со препораките на УНЕСКО. Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско езеро“, наведуваат од СДСМ, Охрид.

УНЕСКО еднаш дава шанса, ако се продолжи и понатаму со вакво неразумно однесување Охрид ќе биде град без овој статус, велат од СДСМ.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button