ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пецаков: Немав симптоми, не се тестирав поради сомневање за болест туку поради потребен документ за патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид – 19 и на Водици излегол да ја следи манифестацијата оти побарал тест заради патување, а не поради тоа што се чувствува лошо. Тој потврди дека добил позитивен тест, но следниот ден го повторил тестот и добил негативен резултат.

Advertisements

Реакцијата на Пецаков следи откако неколку медиуми објавија дека тој бил позитивен на коронавирусот и излегол меѓу народ, да прославува Водици.

„Немав и сѐ уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тетсирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен“, вели Пецаков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button