ЕКОНОМИЈА

PEUGEOT ја претставува својата нова 48v hybrid технологија

ALLURE: Кон 100% електрифицирана гама на PEUGEOT со лансирањето на 3008 и 5008 HYBRID.
EXCELLENCE: Мотор PureTech со 136 КС (100 kW) и менувач e-DCS6.
ЕМOTION: Повеќе задоволство при возење и помала потрошувачка благодарение на новата HYBRID технологија.

Advertisements

2023 година навистина ќе биде „електрична година“ за PEUGEOT, со презентација на нови модели и нови технологии во својата гама. Ова ќе го вклучи новиот HYBRID систем дизајниран од Stellantis, кој ќе се понуди кај PEUGEOT 3008 и 5008, пред да се појави кај другите модели. Тој ќе го надополни веќе широкото семејство на електрифицирани мотори, вклучувајќи ги plug-in хибридите, 100% електричните и верзиите со горивни ќелии.

Системот PEUGEOT 48V HYBRID се состои од новата генерација на бензински мотор PureTech со 136 КС, заедно со нов 6-степен електрифициран менувач со двојно квачило, а и вклучува електричен мотор. Со батерија што се полни додека возите, оваа технологија обезбедува дополнителен вртежен момент на моторот при мали брзини и ја намалува потрошувачката на гориво до 15% (од 126 g CO2/km кај 3008 и од 128 g CO2/km кај 5008). При урбано возење, SUV од C-сегментот опремен со системот HYBRID може да работи повеќе од 50% од времето во електричен режим со 100% нулта емисија.

ЕДНОСТАВНО И ТРАНСПАРЕНТНО РАБОТЕЊЕ

Возачот е информиран за работата на хибридниот систем преку PEUGEOT i-Cockpit®, а различните режими може да се активираат автоматски.

Во секојдневното возење, моторот со внатрешно согорување и електричниот работат заедно или одделно за да ја оптимизираат потрошувачката на енергија.

При силно забрзување, електричниот мотор обезбедува дополнителен вртежен момент на бензинскиот мотор при ниски вртежи.

За време на забавувањето, бензинскиот мотор се исклучува и електричниот мотор станува генератор за полнење на батеријата од 48 V.

Возилото вози исклучиво со електричниот мотор во режим со нула емисија, во град на кратки дестинации и при маневрирање.

ЦЕЛОСНО РЕАЛНИ ПРИДОБИВКИ

До 15% помалку гориво и од 126 g CO2/km кај 3008 и 128 g кај 5008. Во споредба со неелектричен бензински мотор со споредливи карактеристики, HYBRID моторот овозможува просечна заштеда на гориво од околу 1 литар/100 km кај SUV од C-сегмент (WLTP комбиниран циклус).

Оваа заштеда главно се постигнува во град (- 2,5l/100km) и на пат (- 0,7l/100 km), додека потрошувачката на автопатот останува непроменета. Овие перформанси ги импретираат во просечно намалување од 20 g/km на емисија на CO2 (според комбинираниот циклус на WLTP) кај моделите 3008 и 5008.

Кога полнењето на батеријата го дозволува тоа, системот HYBRID овозможува стартување, маневрирање (на пример за паркирање) и возење со мала брзина во густ сообраќај во 100% електричен режим. Во урбано возење, PEUGEOT 3008 и 5008 HYBRID можат да се возат повеќе од 50% од времето во електричен режим со 100% нулта емисија.

При поголеми брзини (до 145 km/h), моторот со внатрешно согорување запира кога возачот ќе ја пушти педалата за гас при постојана брзина и кога ја намалува брзината.

Кога од возачот се бара да ја преземе контролата при мала брзина, електричниот мотор обезбедува дополнителен вртежен момент со еднократно засилување што го компензира времето на одговор на турбото. Ова ќе избегне спуштање на брзината и ќе обезбеди поголема удобност и динамика при возењето. И кога возачот целосно ќе ја притисне педалата за гас, електричниот мотор обезбедува дополнителни 9 kW (околу 12 КС) моќ.

ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ НА 48V ХИБРИДНИОТ СИСТЕМ

Сите делови што го сочинуваат овој нов мотор се наоѓаат под капакот на моторот, освен батеријата од 48 V, која е инсталирана под предното лево седиште кај PEUGEOT 3008 и 5008.

Бензинскиот мотор 1,2 литри PureTech.
Ова е нова генерација на бензински мотор PureTech специјално развиен за оптимална интеграција со хибридизацијата:

• 3 цилиндри и 1199 cm3,
• Моќност 136 КС (100 kW) при 5500 rpm,
• Вртежен момент 230 Nm при 1750 rpm,
• Турбополнач со променлива геометрија за подобрени перформанси на моторот,
• Дистрибутивен синџир (ниски трошоци за одржување),
• Работа на циклусот Miller за подобра топлинска ефикасност при согорување,
• Стандард Euro 6.e.

Менувач e-DCS6 (Систем со двојно квачило).
Хибридниот мотор PEUGEOT 48V вклучува нов електрифициран 6-степен менувач со двојно квачило без прекин на вртежниот момент, специјално дизајниран за хибридни системи. Во куќиштето на менувачот се сместени и електричниот мотор, инвертерот и ECU, што ја оптимизира големината и тежината на возилото и гарантира одлични перформанси при возење.

е-Мотор
Синхрониот електричен мотор со постојан магнет, вграден во менувачот, развива максимална моќност од 21 kW (28 КС) и вртежен момент од 55 Nm. Овозможува возилото да вози 100% електрично при потребите за мал вртежен момент и му помага на моторот со согорување да ја намали потрошувачката. За време на забавувањето, моторот делува како генератор за полнење на батеријата од 48V на хибридниот систем. Исто така, го обезбедува главното стартување на моторот со внатрешно согорување со помош на стартерот.

Стартер
Овој стартер со напојување од 48 V осигурува дека моторот со внатрешно согорување се рестартира преку придружниот ремен. Овозможува брзи и транспарентни стартови.

 

48V хибридна батерија
Литиум-јонската батерија од 48 V има максимален капацитет од 898 Wh и достапен капацитет од 432 Wh. Дизајнирана е да го одржува истото ниво на перформанси во текот на целиот работен век на возилото и доаѓа со оригинална гаранција од 8 години/160.000 km.

Батеријата од 48 V е инсталирана под предното лево седиште. Оваа поставка овозможува многу предности во однос на инсталацијата на задните седишта и значи дека:
• Целиот внатрешен простор е достапен,
• Целосниот волумен на багажникот се задржува,
• Загубите на енергија поврзани со должината на каблите се оптимизирани,
• Задоволството при возењето е зачувано благодарение на правилната распределба на масите (акумулатор во центарот на возилото).

Две електрични мрежи
Кај PEUGEOT 3008 и 5008 се вградени две електрични мрежи. Нисконапонска 12V мрежа за напојување на опремата на автомобилот и високонапонска мрежа од 48V за напојување на хибридниот систем. Електричната енергија се произведува исклучиво од е-моторот 48V. Конвертор на DC напон се користи за пренос на произведената електрична енергија на 12V мрежа на автомобилот.

Специфичен хардвер
Моделите на PEUGEOT опремени со новиот HYBRID мотор имаат специфичен дисплеј. Дигиталниот дисплеј покажува 100% електрично возење (брзиномер во сина боја), протокот на енергија во системот, нивото на полнење на батеријата, неговиот статус на работење преку мерач на моќност (Charge, Eco, Power) и процентот на поминато растојание во електричен режим во секое време или на крајот од патувањето.

Покрај тоа, овие модели ќе бидат опремени со AVAS (Acoustic Vehicle Alerting System) кој емитува звук за надвор при брзина до 30 km/h за да ги предупреди пешаците и велосипедистите дека возилото се приближува.

Овој мотор го заменува PureTech 130 EAT8 и наскоро ќе биде достапен на други модели од гамата на PEUGEOT, како што се 208 – 2008 – 308 – 308 SW и 408. PEUGEOT 3008 и 5008 HYBRID ќе се произведуваат во фабриката во Сошо и ќе се продаваат во Европа во вториот квартал од 2023 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button