МЕТРОПОЛ

Пи Диди ослободен од најсериозните обвиненија, но може да помине и 20 години во затвор

По седум недели, поротата одлучи дека Кеси Вентура и друга поранешна девојка на Пи Диди не биле жртви на рекетирање и сексуална трговија. Со ова, музичарот избегна доживотна казна затвор, но се очекува пресудата за уште неколку помали обвиненија.

Advertisements

По судењето кое траеше седум недели, Шон Комбс, попознат како Пи Диди, беше ослободен од најсериозните обвиненија – сексуална трговија со луѓе и рекетирање.

Доколку беше прогласен за виновен, продуцентот можеше да го помине целиот живот зад решети.

Сепак, поротата заклучила дека Диди е виновен за две точки од обвинението за транспорт со цел проституција. Поради ова, може да добие до 20 години зад решетки, иако некои експерти сметаат дека ќе му биде изречена многу помала казна.

Диди останува во затвор бидејќи треба да биде изречена пресуда за други, помали обвиненија.

Главниот фокус на судењето на Диди беа обвиненијата дека ги присилувал неговите поранешни девојки да учествуваат во развратните секс забави познати како „freak offs“, за што најмувал проститутки, а понекогаш и ги снимал.

Главниот сведок беше Кеси Вентура која сведочеше дека Диди физички ја напаѓал, ѝ се заканувал и ја уценувал со фотографии и видеа направени за време на забавите доколку не учествува во нив.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button