ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пијани возачи  во алкохолизирана состојба управуваат и со глисери и катамарани низ езерото

Иако од 1 јули стапи на сила забраната за возењето на скутери во Охридското Езеро од 11 до 19 часот, која ќе трае до 31 август, искуството од минатите години покажа дека оваа мерка многу често не се почитува, па поединци дивеат низ езерските води и тогаш кога е забраната. Во меѓувреме пијани возачи  во алхохолизирана состојба управуваат со глисери и катамарани низ езерото. Контролирани биле 13 пловни објекти и 13 физички, при што констатирани се 22 прекршоци. Три лица се затекнати при управување скутер за време на забрана, евидентирани се седум случаи на управување на пловен објект без дозвола, како и пет случаи на управување без стекнато уверение за управување пловило.

Advertisements

„Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта. За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал“, рече Капетанија на пристаништа Охрид.

Станува збор велат од Капетанија за сопственици на приватни пловила, а не за лица кои превезуваат патници низ езерото. Сепак оваа остава генерално лош впечаток.

„За нас што работиме како комерцијалист е лош впечаток многу. Инаку од нас кои возиме катамарани и понтони никој не конзумира алхохол. Најударни сме ние, бидејки сме тука покрај самиот кеј. Пред се е безбедноста на туристите. Не смее алхохол да користиме ни други супстанци. Пред некој ден мене ме застанаа немаше алхохол, немаѓе ништо, се беше добро, катамаранот беше со цела опрема“, рече Таше Ристаноски- бродар.

„Навистина е алармантно вие да возите во алхохолизиана состојба пловен објекст, исто како и возило. Мора да се почитуваат тие правила, а мора и едукација на самите оние кои стекнуваат дозволи и кои полагаат, на оние кои управуваат со моторни чамци.Ние гледаме дека имаме инциденти со пожари на пловни објекти.Има некои правила како се стартува пловен објект. Сите што полагаат го учат тоа, но менталитетот ни е таков се оставаме на импровизации и затоа се случуваат вакви несреќи“, рече Сашо Точков-претседател на Црвен крст Охрид.

Од Капетанија најавуваат дека во соработка со Езерската полиција во следниот период ќе ги засилат инспекциските контроли и апелираат навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button