Пикот на грипот ги полни амбулантите, смирување на ситуацијата на крајот на месецов, велат лекарите
Пикот на грипот ги полни амбулантите, смирување на ситуацијата на крајот на месецов, велат лекарите

Пикот на грипот кој започна од почетокот на оваа недела ги наполни амбулантите. Вирусот инфлуенца Б, кој е најкомплициран од почетокот на сезоната на грип, доминираше во повеќето случаи кај сите возрасни групи без исклучок.
„Доминираше вирусот од групата Б, така што оваа недела имаше повеќе случаи на заразени, а и симптомите беа малку потешки, бидејќи кашлањето кај овие пациенти трае подолго, а болката е повеќе во зглобовите и мускулите, кај децата повеќе беше проблемот со кашлањето и болкаа во ушите, како и со воспаление на урогениталниот систем“, рече Сафјане Белчишта, матичен лекар..
Лекарите велат дека децата се оние кои најлесно го шират грипот, каде што по една недела постои ризик целото семејство да биде заразено со грип. Според нив, се уште е активна фазата на пренесување на грипот.
„Ако едно дете, се разболи во семејство, од детето може многу лесно да се пренесе, бидејќи детето не знае, како што детето се движи низ куќата и сите членови на куќата можат да бидат заразени, па другите можат да се разболат по седмиот ден, односно целото семејство по седмиот ден“, додаде Сафјане Белчишта, матичен лекар.
Пикот на грипот се очекува да трае до крајот на овој месец, а потоа лекарите очекуваат ситуацијата да се смири. Тие повикуваат на зголемена претпазливост во овој чувствителен период, да не се занемари грипот, бидејќи во многу случаи вирусите носат други здравствени компликации. Се препорачува да се избегнуваат простории каде што има многу луѓе, да не се излегува на отворено кога воздухот е загаден, да се носат заштитни маски и да се одржува растојание./Алсат.мк
Линда Ебиби