СПОРТФОРМУЛА - 1

Пирели ќе продолжи да снабдува со гуми до 2027!

Еден од спортовите во кој се вртат најмногу пари на денешницата, Формула 1, се наоѓа(ше) пред важна крстосница бидејќи во тек беа преговори за официјален партнер за пневматици. Пирели, кој е недопирлив од 2010 година, по се изгледа ќе остане снабдувач до 2027, бидејќи постигнал нов договор со челниците на Ф1, ексклузвино објавува Би-Би-Си.

Advertisements

 

Неофицијално, договорот бил со траење од 2025 до 2027 година, со опција за продолжување и на трета година, во 2028. Ова доаѓа како своевиден пресврт, без разлика што Пирели веќе со години е официјален бренд за пневматици во Ф1.

 

Претходно оваа година јапонскиот произведувач Бриџстоун доби „амин“ од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), па се очекуваше дека, можеби Ф1 ќе ја прифати таа препорака. Сепак, првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали, по долго размислување со својот тим решил да остане со Пирели.

 

Една од главните причини за тоа е фактот дека од 2026 година ќе има нови крупни промени на правилата во Ф1, кои ќе бараат и нов состав на пневматици, па практично новиот снабдувач ќе треба да обезбеди ем гуми од постојните, ем да иновира според барањата од 2026 година натаму. Наводно, Доменикали не сакал да го прифати ризикот со нов произведувач и затоа му ја дал довербата на проверениот Пирели.

 

Меѓутоа има друга компликација. Пирели веќе соопшти дека планира по 2027 година да се повлече од производство на гуми за меѓународните натпревари од секој ранг, па оттука и новиот договор со Ф1 е 2+1 година. Доменикали се надева дека ќе се премислат и ќе продолжат по 2027 година, но ако Пирели дефинитивно се повлекува, тогаш ќе мора да се сврти повторно кон Бриџстоун, а оттаму нема да бидат расположени за таа улога на „златна резерва“./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button