СПОРТФУДБАЛ

Пирло: Галијани и тренерот Алегри ме избркаа од Милан!

Андреа Пирло во своето последно интервју помеѓу другите теми зборуваше и за заминувањето од Милан во 2011 година.

Advertisements

Пирло тогаш го напушти Милан откако не му беше понуден нов договор, а тоа го искористи Јувентус кој го доведе во своите редови и тоа се покажа како одличен потег. Во Торино помина одлични четири сезони по што се пресели во МЛС лигата во редовите на Њујорк Сити каде што ја заврши кариерата во 2018 година.

Во своето интервју Пирло потенцираше дека тој не е виновник за заминувањето од Милан, туку откри дека буквално бил избркан од Галијани кој во тоа време бше спортски директор на Милан и тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри.

„Не сакам кога луѓето и денеска зборуваат дека јас сум инсистирал да заминам од Милан, тоа не е вистина. Бев навистина среќен и сакав во Милан да ја завршам кариерата, меѓутоа не одлучував само јас. Директорот Галијани и тренерот Алегри ме избркаа од клубот. Не стануваше збор ниту за некакви услови, ќе прифатев било што, но едноставно клубот не ми понуди договор. Последниот разговор со соиграчите кога се збогував ми беше еден од најтешките моменти во кариерата“, изјави Пирло.

Интересно е што Пирло и Алегри се сретнаа и во Јувентус каде што италијанскиот стратег пристигна во 2014 година и двајцата соработуваа една сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button