ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пишман-Влада, ќе нема прогресивно оданочување

Владата реши да го укине прогресивното оданочување, пред и воопшто да го воведе. Главното предизборно ветување на СДСМ за поправедно оданочување, односно оние кои повеќе заработуваат да плаќаат и повисок данок, нема да биде реализирано. Оваа одлука премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека ја донеле по барање на бизнис заедницата и по реакциите на граѓаните. И по Нова Година од кога требаше да биде воведен овој данок ќе има само една даночна стапка и сите ќе плаќаат 10 отсто на личниот доход, како и за дополнителните приходи. ДДВ останува 18%. Од најавените реформи, нема да има промени ниту во оданочувањето на депозитите, а обврска за плаќање данок нема да имаат ниту хонорарците.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button