ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Писмото на Агелер предизвика земјотрес во судството и Владата

Писмото на американската амбасадорка Ангела Агелер кое Алсат го објави ексклузивно пред неколку дена, ги разниша темелите на судските и владините институции. Иако никој не презема одговорност за загриженоста на меѓународните партнери, сите се согласуваат со наодите од вознемирувачкото писмо. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека опозицијата е виновна за ситуацијата во судовите.

Advertisements

Претседателот Пендаровски пак, констатира дека американската амбасадорка ја опишала фактичката состојба во судството.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата дека го задушува судството со свои партиски кадри.

„Сите раководни кадри во судовите и обвинителствата се избрани од страна на СДСМ. Од партиските штабови, директно во Судскиот совет, назначувајќи ги обвинителите за организиран криминал, па дури и наредува кој може да ја заврши Академијата за судии и обвинители. Криминалот и корупцијата во Македонија се на највисоко ниво“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Апелациониот суд, иако го добил писмото на Агелер на 11 април, дури по објавувањето од Алсат закажа состанок на кој се разговараше за актуелната ситуација и се утврди потребата од ефикасно дејствување.

„Во моментов Апелациониот суд работи со помал број судии, односно 28 судии од предвидените 52. Во одделот за кривични прашања има шест судии. На одржаната седница констатиравме дека е неопходно ефикасно дејствување и ажурирање по сите предмети, особено предмети од висок јавен интерес“, наведуваат од Апелација.

Во писмото на амбасадорката Агелер до судските институции и Владата, беше нагласена нејзината загриженост за враќањето на предметите од висок профил од Апелациониот во првостепениот суд за повторно судење. Таа, исто така, го истакна стравувањето дека таквото постапување станало пракса и произлегува од неможноста на апелационите судии да дејствуваат навреме. Агелер, исто така, ги истакна напорите на САД за реформирање на владеењето на правото и нивната подготвеност да им помогнат на институциите да ја надминат оваа ситуација.

За писмото на Агелер се дискутираше и на седницата на Судскиот совет, каде членовите ја обвинија шефицата Весна Дамева дека го криела писмото две недели. Но, таа негираше и нагласи дека тоа не е причината поради која ја разрешуваат, туку оти власта преку притисок по секоја цена сака да го награди судијата Енвер Беџети со позиција во Врховниот суд. Неофицијално, Дамева побарала негово разрешување.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button