Писонеро: ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Северна Македонија штом таа ги исполни договорените релевантни критериуми

Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Северна Македонија, изјави портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро во однос на одлуката на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.
– Нашиот став е многу јасен, Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што со Албанија и со Северна Македонија што е можно поскоро, откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот, изјави Писонеро во одговор на прашањето за ставот на ЕК за „раздвојувањето“ на Тирана и Скопје на европскиот пристапен пат.
Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.