ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Планинските села околу Тетово и овој пат блокирани од снег

Врнежите во последните два дена направија патот кон шарпланинските села, почнувајќи од селото Шипковица, на некои места да биде непрооден, додека во поголемиот дел е тешко прооден. Жителите се жалат дека само синоќа го виделе булдожерот да чисти, а денеска нема ниту еден. Покрај блокирањето на патиштата во шарпланинските села, селото Шипковица и некои други села од вчера во 21 часот се исто така без електрична енергија.

Advertisements

„Доаѓаме од Бродец, не е проодно, не е исчистено!

прашање: Дали сте виделе како поминува багер за да го расчисти снегот?

-Не, не. Ништо не сме виделе“…

„Ниту багер, ниту светло, немаме ништо. Денес повторно ги сменив гумите“, реагираат жителите.

Телевизиската екипа на Алсат се обиде да добие изјава од општина Тетово за овој проблем на шарпланинските села, но од таму одбија да одговорат.

Обилните врнежи од снег синоќа од 21 часот оставија без електрична енергија некои шарпланински села, вклучувајќи ги селата Шипковица, Бродец, Вешала, Вејце и Бозовце.

„Ништо не направиле. Нема ништо, воопшто. Немаме струја од вчера во девет часот. Ние сме џунгла, никој воопшто не нè гледа.“

„Непроодните патишта се катастрофа, немаме струја, ние сме во мизерна состојба“, реагираат жителите.

Од ЕВН Македонија за Алсат велат дека прекинот на електричната енергија се должи на пад на гранки поради снежните врнежи и предизвикување дефекти на некои места. Од ЕВН Македонија изјавија дека работат на исклучително тешки терени на Шар Планина, за да се отстранат овие дефекти.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button