Планот на УНЕСКО, кочница за фотоволтаици во Охрид
Планот на УНЕСКО, кочница за фотоволтаици во Охрид

Инвеститори кои сакаат да вложуваат во изградба на фотоволтаични електрани во охридскиот регион се откажуваат од ваквите инвестиции. Причина се ограничувањата кои се себе ги предвидува Планот на УНЕСКО за управување сo регионот. Имено, тој предвидува парцелата да смее да се искористи максимум до 50%. Надвор од урбанистичкиот план, каде и најчесто се бара поставување на фотонапонски панели, планот е уште поригорозен и дозволува само 40% искористеност.
„…Со ова, на една парцела од 10 хектари, може да се постават фотонапонски панели само на 4 хектари“, рече Богдан Настески-општина Охрид.
Поради ваквите правилници нема економска исплатливост за фотоволтаици, иако станува збор за нашиот главен туристички центар кој урбанистички расте и конзумира сè повеќе струја.
„…Во цела Македонија се гледа да се градат фотонапонски електрани, но само кај нас инвеститорите се откажуваат, бидејќи нема исплатливост да инвестираат. لعبة poker За споредба, во Осломеј 10 хектари задоволува потрошувачка за 2. كازينو اون لاين عربي 800 фамилии, тоа значи 10. العاب عمل في الشركة 000 до 12.000 жители“, нагласи Богдан Настески-општина Охрид.
Интересот за поставување фотонапонски ќелии во светот и кај нас е во пораст поради драстичниот раст на сметките за електрична енергија и цените на струјата на светските берзи. Но, проблем имаат и граѓаните кои живеат во стариот дел на Охрид, а кои сакаат да постават фотоволтаици.
„Меѓутоа го нарушува изгледот на куќите во стариот дел на градот. Тука е проблемот, а охридската архитектура е уникатна. Тие имаат можност да поставуваат ќерамиди и фотоволтаици, кои се со боја соодветна на кровот, меѓутоа веројатно е поскапа инвестиција“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
Во Македонија има околу 200 фотонапонски електрани. Во Охрид нема ниту една. Инаку, за изградба на фотоволтаични системи надвор од урбанистичкиот план, освен дозволи од домашните институции, треба дополнително да се добие позитивно мислење и од националната комисија за УНЕСКО.
Мики Трајковски