Платформа на граѓански организации: Да се повлечат предложените измени
Платформа на граѓански организации: Да се повлечат предложените измени

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од Претседателот на собранието и пратениците да ги повлечат предложените измени на деветте закони за изгрдаба на коридорите 8 и 10. Активистите укажуваат дека пратениците имаат должност да го штитат уставниот и правен поредок во државата.
Пратениците имаат обврска да овозможат должна дискусија, и да повикаат стручни лица и засегнати страни на расправа при носење на закони и измени на закони. Според нив ова е особено важно при носење на одлуки кои по својата природа се сложени или овозможуваат исклучоци при спроведување на општите закони. Ниту на пратениците, ниту на граѓаните ниту на стручната јавност им е оставено доволно време за да проценат во колкав обем се зголемуваат ризиците од корупција со предложените измени, се наведува во реакцијата на платформата.
Платформата инсистира на повлекување на точката од дневен ред на седницата и повикува на сеопфатна анализа и јавна расправа за тоа колку и кои ќе бидат засегнатите страни со овие предложени решенија, за да се ограничат можностите од корупција иницирани со дерогирање на постоечката законска регулатива на земјата.