ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Платформата за борба против корупција бара оставка од jавниот обвинител Љубомир Јовески

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија на обвинителот Љубомир Јовески.

Advertisements

Според денешната изјава на Платформата пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово”, истрагата на јавното обвинителство за пожарот во модуларната болница во Тетово не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти.

– Како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за најпрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица, велат од платформата.

Дополнуваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од Законот за кривична постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button