ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Платите скалесто да се зголемат или УПОЗ ќе стапи во штрајк

Едно од клучните барање на УПОЗ упатено до Владата е заедно со измената на Законот за минималната плата во скратена постапка да се направат измени и на посебните закони кои ги регулираат платите на вработените во администрацијата и правосудството на начин што вредноста на минималната плата да се земе како основ на плата и сите вработени да имаат одредени бодови за ниво. На овој начин, според УПОЗ, ниту еден вработен во администрацијата не би бил на минимална плата и прв пат во историјата ќе имаме усогласување на платите со минималната плата во администрацијата и правосудството. Во спротивно, тие најавија дека ќе бидат приморени да ја активираат одлуката донесена во ноември и незадоволството на вработените да го изразат преку протести или преку други форми на притисок за други форми на штрајк.

Со зголемување на минималната плата и немањето слух на Владата скалесто да се покачат и останатите плати ќе се оствари тоа што Синдикатот на УПОЗ го прогнозираше, а тоа е крах на системот на плати во администрацијата и правосудството, изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.

Од Синдикатот на УПОЗ истакнаа дека не можат да го разберат, како што велат, незнаењето на Владата за начинот на пресметка и исплата на плата на сопствените работници.

– Со новата вредност на минималната плата Владата првпат во историјата на Македонија, ќе направи цела група вработени во администрацијата кои досега беа малку над минималната плата сега да примаат само минимална плата. Со самото тоа, Владата ги омаложува и понижува своите вработени, и второ го зголемува процентот на вработени кои примат минимална плата на државно ниво од 13,8 проценти на скоро 18 проценти, рече Деаноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button