МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ им ја честита изборната победа на Мицкоски и Силјановска-Давкова

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во објава на социјалната мрежа Икс денеска на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му ја честита изборната победа на партијата на парламентарните избори во земјава.

„Честитки до Христијан Мицкоски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Северна Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме“, пишува премиерот на Хрватска во објавата на Икс.

Освен победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, Пленковиќ упати честитки и до, како што напиша, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button