Плоча со натпис Дарданус откриена кај Скупи
Плоча со натпис Дарданус откриена кај Скупи

Откриената плоча за која се смета дека потекнува од вториот век, на чиј натпис стои и името „Дарданус“, ja разбранува јавноста.. Местото каде повеќе од година и пол се вршат археолошки истражувања е отстапен на инвеститор. Во моментот кога таму беа откриени археолошки остатоци, инвеститорот повеќе нема право да продолжи со градежните работи. Покрај тоа, инвеститорот го финансира и ископувањето на просторот каде што се пронајдени стари гробишта, бидејќи законот го обврзува на тоа. Плочата пронајдена на просторот околу улицата „Скупи“ не е оштетена при ископувањата и тоа се гледа со голо око. Плочата е преместена во заштитеното подрачје каде се откриени урнатините на градот Скупи.
„0Никој не може да го негира фактот дека овде живееле Дарданците. Тие биле илирско племе и ова е многу витален дел од тогашната Илирија, иако не постоела како држава, туку сме биле под Римјаните, а подоцна под Византијците.04:37 Имало уништувања после римјаните во сите овие некрополи. 04:48 Во гробовите има по 20 луѓе. 01:27 И самиот бев присутен, таму беше и амбасадорот на Косово, имаше и новинари кои го видоа и се уверивме дека не е оштетена. Натписот е во добра состојба. Мало парче, кое не го расипува натписот на тој епитаф, е неоштетено и е дислоциран на 200 метри од тука“, рече Аријан Асланај-директор на Управата за заштита на културното наследство.
Дали во иднина ќе биде дозволена изградба на каков било објект, ќе зависи од откритијата што ќе ги направат археолозите во иднина. Областите каде што се откриени стари гробишта не се прогласуваат за заштитени по завршувањето на ископувањата.
Епитафот на саркофагот откриен во последните денови го содржи името на Епикрат, неговата сопруга и нивните три сина, од кои најмалиот се викал Дарданус./Алсат.мк
Еви Шкопи