СПОРТФУДБАЛ

ПМФЛ прво коло: Шампионот против Куп освојувачот, Вардар во Струмица, Гостивар со Пелистер

ПМФЛ прво коло: Шампионот против Куп освојувачот, Вардар во Струмица, Гостивар со Пелистер

Денес, во просториите на „Куќата на фудбалот“ се одржа извлекување на паровите за новата натпреварувачка сезона 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Advertisements

И во новата сезона во елитата ќе се натпреваруваат дванаесет екипи, од кои две се нови – повратникот Пелистер и дебитантот Беса. Денешната ждрепка ги донесе следните парови во првото коло од шампионатот, кој започнува на десетти август.

ПМФЛ прво коло:
Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
АП Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска Спорт

Во Првата фудбалска лига титулата ја брани Струга Трим Љум, а од врвот ќе се обидат да ја симнат: Шкендија, Шкупи, Силекс, Тиквеш, Работнички, Воска Спорт, Брера Струмица, Вардар, Беса, Пелистер и Гостивар.

Како и минатата сезона лигата ја напуштаат најслабите две екипи во лигата, а десеттопласираната екипа ќе игра плеј-оф натпревар на неутрапен терен со третопласираната екипа во Втората фудбалска лига (ВМФЛ).

Во новата сезона четири екипи ќе играат на два исти стадиони. Работнички и Вардар на Градски, додека во Гостивар и Беса во Гостивар. Поради тоа Комисијата воведе ново правило кое ќе важи за последните три кола кои треба да се одиграат во ист термин. Доколку екипите не можат меѓусебе да се договорот кој ќе игра на домашен терен, тогаш ќе реагира Комисијата за натпреварување и таа ќе одлучи каде ќе се одиграат тие натпревари.струг -тиквеш

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button