ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По 12 февруари, патување во странство само со нови документи

По 12 февруари, патување во странство само со нови документи

Долгите чекања пред шалтерите на МВР за лични документи можат да се решат во рок од 24 часа, вели експертот Љубомир Ѓурчевски. Според него, како што е одобрен Законот за промена на личните документи, така и во рок од 24 часа може да се преземат активности за продолжување на рокот.

Advertisements

Ѓурчевски вели дека хаосот што се создава пред шалтерите создава негативна слика зашто граѓаните се омаловажувани .Според него, доколку државата ги принудува граѓаните да заменуваат документи кои се уште важат, треба и да ги обештети.

Од МНР велат дека рокот за промена на личните документи останува предвидениот, поточно до 12 февруари, а дотогаш треба да се направи максимален напор за промена на пасошите, додека секое решение што ќе се бара во комуникацијата со Грција ќе да се случи по 13 февруари.

Во меѓувреме, по 12 февруари личните карти со старото име на државата ќе важат само за внатрешна употреба, но со нив нема да може да се патува во странство, односно во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина./алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button