КОШАРКАСПОРТ

По 12 години во НБА, Фурние во Европа и потпишува со Олимпијакос

Францускиот репрезентативец Еван Фурние е во преговори со неколку евролигашки екипи. Наводно фаворит за неговиот потпис е Олимпијакос. По 12 години во НБА, Фурние реши да се врати во Европа. Фурние одигра само 59 натпревари во НБА лигата во последните две сезони, со просек од 6,5 поени, 1,8 скока и 1,4 асистенции.

Advertisements

Французинот за време на Олимписките Игри имаше одлични партии во дресот на националниот тим, со 9,8 поени со 1,7 скока и 2,2 асистенции. Тој му помогна на својот тим да го освои сребрениот медал. Несомнено е дека Фурние би бил одлично засилување за Олимпијакос, кој успеа летово од НБА да го врати Саша Везенков во своите редови.

Интересно, пред две години, Фурние на социјалните мрежи истакна дека доколку би се вратил во клуб од Евролигата, тоа дефинитивно би бил Олимпијакос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button