МАКЕДОНИЈА

По 17 години во бегство, скопјанец падна во рацете на полицијата

По 17 години во бегство, скопјанец, кој се барал за издржување затворска казна од 12 години затвор, падна во рацете на полицијата.

Advertisements

Како што информираше МВР, станува збор за скопјанец на возраст од 63 години. Тој бил фатен на Љуботенски пат, во близина на селото Радишани, а се барал за кривични дела поврзани со дрога.

„За него била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од 12 години за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по чл. 215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна“, велат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button