
Идниот викенд започнува Премиер лигата во која Ливерпул ќе влезе без легендарниот Јирген Клоп кој беше заменет од Арне Слот. Во првиот натпревар Слот ќе го води Ливерпул на гостувањето против Ипсвич.
Покрај новиот тренер, Ливерпул оваа сезона по 32 години ќе го промени и грбот на клубот. Новиот клупски грб го содржи само основниот симбол кој претходно беше во внатрешноста. Како причина клубот го наведува дигиталниот маркетинг.
„Новиот грб ќе се користи за претставување на Ливерпул на сите клупски платформи и друштвени мрежи. Повеќе од 86% од посетителите на официјалниот сајт и 98% од корисниците на клупските канали доаѓаат од мобилните уреди, па поради тоа потребно е и брендирањето на клубот да биде појасно и повидиливо на помалите екрани“, стои во соопштението.