ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По 40 ученици во едно одделение, родителите најавуваат протести

Министерството за образование и наука ги игнорира барањата на ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово. Директорката вели дека се потребни итни решенија за големиот број ученици во второ одделение. Наставниците велат дека одвивање на наставниот процес со 40 ученици е многу тешко.

Advertisements

„Тоа е многу голем проблем затоа што еден наставник не може да се носи со 40 ученици бидејќи наставникот троши по една минута на ден на нив. Не е наша работа да затвораме некое училиште и да ги земаме наставниците, туку тоа е работа на Министерството за финансии и на тоа за образование“, рече Сихана Каба Касами, директорка на О.У. „Кирил и Методиј“.

„Навистина е тешко да се работи, но некако се снаоѓаме. Бидејќи е невозможно да се предава, се знае каков е Законот за образование и колку ученици треба да има едно одделение. Мислам дека правиме грев кон децата, затоа што се трудие,ама знаеме дека е тешко“, вели Беса Ајредини, Наставничка.

Револтирани од негрижата на Министерството, родителите апелираат за решение.

„Децата се лишени од правото да учат сто проценти затоа што детето не постигнува ништо па дури и да биде гениј, бидејќи има малку време и голем број ученици. Ние сме даночни обврзници на оваа држава и сакаме учениците во одденијата да ги имаат нивните елементарни права“, вели Мухамед Ходаи, родител.

Запрашан за проблемот, министерот за образование Јетон Шаќири ја обвинува општината.

„Во конкретниот случај, дали Општина Тетово има некаков личен или политички отпор , не сакам да го гледам тоа така, но ако има одредено училиште во рамките на општината кое има 28 деца во две одделенија, тие може да се прилагодат со еден наставник и тој наставник да премине од едно во друго училиште“, вели Шаќири.

Сепак, од Општина Тетово велат дека давањето согласност за паралелки не е во нивни раце.

„Ова прашање не може да го реши Општината затоа што не е во надлежност на Општината да дава согласност за нови паралели со помалку ученици и да дава согласност за ново финансирање, значи ова мора да го реши Министерството за образование и наука и тоа за финансии кое ја дава конечната согласност“, рече Назми Даути, Сектор за образование, Општина Тетово.

Родителите на ученици најавија дека доколку не се реши прашањето ќе протестираат пред училиштето.

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button