
По поразот на Тотенхем од Манчестер Сити, познати се сите учесници во Лигата на Шампионите преку Премиер Лигата, а една од екипите која претставува големо изненадување е Астон Вила.
Тимот предводен од Унај Емери имаше сезона за паметење, во која завршува на четвртото место во англиската елита, зад Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул. Целиот тим на Астон Вила го следеше англискиот меч заедно на вечера.
Кога судијата означи крај, почна да се слави пласманот. На радоста ѝ немаше крај, реакциите беа бурни. Во историската сезона за Астон Вила, тимот обезбеди кам-бек во Лигата на шампионите по 42 години.
Последниот настап во ЛШ за тимот од Вила Парк беше во сезоната 1982/83.