ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По Аеродром и Чаир ќе го тужи Град Скопје

По општина Аеродром, Чаир најави дека ќе му изрече казна и на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“. Според општина Чаир, компанијата не само што не го собира отпадот правилно, туку поради недостатокот на хигиена и можноста за ширење на инфекции, го загрозува здравјето на жителите.

Advertisements

Општина Чаир:
„Општина Чаир ќе изрече глоба за прекршок против Јавното претпријатие комунална хигиена- Скопје за секое невнимание во одржувањето на јавната хигиена на нашата територија, силно посветено на чиста и безбедна животна средина за нашите граѓани.“

Кисела Вода исто така разгледува таква опција. Според градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски, општинските инспектори веќе се на терен и ја проценуваат состојбата со отпадот.

Општина Кисела Вода:
„Општинските инспектори се на терен и ја разгледуваат состојбата со отпадот во урбаните и руралните средини. По разгледувањето на состојбата со отпадот, општина Кисела Вода ќе ја разгледа опцијата за изрекување казна на ЈП „Комунална хигиена“.

Ваквите најави доаѓаат еден ден откако општина Аеродром изрече казна од 88.000 евра на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопјe“ поради неисправно работење, несоодветно собирање отпад и занемарување на јавната хигиена на нејзина територија. Оваа санкција, како што е наведено во соопштението, не е политичка, туку доаѓа како резултат на утврдени недостатоци во работењето на компанијата. Исто така, се вели дека жителите на општина Аеродром секојдневно се обраќаат до општината со поплаки за преполни контејнери и нечистотија на улиците во сите населби, иако, како што велат, жителите редовно ги плаќаат сметките.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button