СВЕТ

По Барселона и Париз организираше експериментален концерт со 5 000 луѓе

Во главниот град на Франција, Париз, вчера се одржа пробен концерт на групата Индокин, со цел властите да ја проверат можноста за враќање на „нормалниот живот“, поради подобрувањето на епидемиолошката состојба со коронавирусот.

Advertisements

На концертот присуствувале околу 5 000 посетители кои морале да носат маски и да покажат потврда за негативен резултат на тест на коронавирусот, но не биле обврзани да го почитуваат физичкото растојание.

Музичкиот настан започнал во 17 часот и завршил во 21 часот, кога во Франција почнува полицискиот час.

На концертот можеле да присуствуваат лица на возраст од 18 до 49 години, кои претходно немале здравствени проблеми. На сличен експеримент во Барселона кон крајот на минатиот месец немало навестувања за високо ниво на инфекција меѓу посетителите на концертот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button