ВЕСТИСВЕТ

По „Бионтек“, и „Модерна“ очекува нејзината вакцина да биде ефикасна против новата мутација на коронавирусот

По „Фајзер“ и „Бионтек“, и компанијата „Модерна“ излезе со очекувања дека очекува имунитетот стекнат со нејзината вакцина против коронавирусот да биде заштита и против новата мутација на вирусот што се појави во Велика Британија.

Advertisements

Од компанијата најавуваат дека ќе направат дополнителни тестови на вакцината во следните недели за да ги потврдат ваквите очекувања.

Очекувањата на „Модерна“, како што наведуваат, се базираат на процена врз основа на претходни податоци односно потенцираат дека досега извршиле тестирања својата вакцина за бројни варијации на коронавирусот кои се појавија од избувнувањето на пандемијата и тие покажале дека таа останува еднакво ефикасна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button