
Сенатот на американскиот конгрес вчера гласаше за именување на Џејмс Стори за амбасадор во Венецуела.
Стори, роден во Јужна Каролина, ќе ја преземе работата што ќе ја извршува од главниот град на соседна Колумбија.
Соединетите држави и Венецуела немаат дипломатски претставници од 2010 година, кога односите започнаа да се влошуваат во времето на поранешниот претседател Уго Чавез.
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини претседателот на Венецуела Николас Мадуро за „узурпација“ на моќта и кршење на човековите права.
Двете земји минатата година целосно ги прекинаа дипломатските врски, секоја ги повлече своите дипломати непосредно откако Вашингтон го поддржа лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, за легитимен лидер на Венецуела.