СПОРТФУДБАЛ

По Ди Марија, и Меси најави за последен меч на Копа Америка

Лионел Меси најави дека финалето против Колумбија во понеделник ќе биде негов последен натпревар на Копа Америка.

Advertisements

Аргентина со 2-0 славеше над Канада во полуфиналето на натпреварувањето и обезбеди уште едно финале.

Меси го освои натпреварувањето во 2021 година, а во 2022 година во Катар беше крунисан и како светски шампион со својата репрезентација.

„Ова е тежок турнир за Аргентина. Екипите играат се порамноправно. Видовте и дека има лоши терени и многу високи температури. Ова е мојот последен настап на Копа Америка. Во Катар последен пат игравме со Ди Марија и Отаменди на Мундијалот, а сега уживаме во последните заеднички натпревари на Копа Америка“, потврди Лионел Меси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button