ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По две години пандемија во Охрид се враќа духот на велигденските празнувања

Охрид полн во пресрет на големиот верски празник Велигден. Туристите кои одлучија продолжениот викенд да го поминат во Балканскиот Ерусалим уживаат во прошетките покрај кејот ,верските храмови и стариот дел од градот.Рестораните и кафетериите се преполни со гости а не изостануваат ни крстарењата со брод во водите на Охридското езеро.

Advertisements

Туристичките работници велат дека радува тоа што туристите од САД после двегодишна пауза повторно доаѓаат во Охрид , како дел од Балканската тура.

Голем број верници Христовото Воскресение ќе го дочекаат во некои од духовните светилишта во градот  .Инаку со оглед на тоа дека токму Велигденските и првомајските празници вообичаено се најава за летната сезона туристичките работници  веруваат дека оваа година во Охрид ќе има поголем број на туристи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button