ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По една година застој продолжува судењето за депонијата во Струга

По една година застој продолжува судењето за депонијата во Струга

Судењето на дивата струшка депонија, по една година застој, продолжува повторно во вторник на 17 јануари. Скоро две години од почетокот на судскиот процес, судењето повторно се враќа на почеток бидејќи Апелациониот суд во Битола го врати случајот во струшкиот основен суд. Правниот застапник се сомнева во намерите на битолскиот суд.

Advertisements

„Симптоматично е тоа што на Апелациониот суд во Битола му требаше време од скоро една година за да утврди нејаснотии во тужбеното барање. Во овој контекст сакам да напоменам, дека самата тужба се состои од преземање на итни и неодложни мерки за спречување на идна штета по здравјето и животот на жителите на Струга…“, рече Глигорие Ќатоски-адвокат.

Апелација Битола претходно ги уважи жалбите на тужените, односно на општината Струга, јавното комунално претпријатие и Министерството за животна средина. Според објаснувањето, тужбата имала нејаснотии.

„Не би сакал да мислам дека ова е намерно одолговлекување на процесот. Верувам во правилно одлучување на судовите, во постапката…“, нагласи Глигорие Ќатоски-адвокат.

Како тужител се јавува Македонското здружение на млади правници. Тие бараат судот да забрани понатамошно депонирање на отпад кај Струга, а просторот да се исчисти и ревитализира.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button