ВЕСТИЕКОНОМИЈА

По една недела, поскапени цените на овошјето и зеленчукот

Една недела по одлуката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, Владата изврши нивна корекција со 30 отсто покачување на дел од нив. Зеленчукот од среда поскапува за околу 25 денари, а овошјето за 5 денари повеќе отколку што се продаваше минатата недела .Ова следува по поскапувањето во земјите од регионот од каде што се увезуваат производите и по непочитувањето на одлуката за намалување на цените од страна на трговците.

Advertisements

„Највисоки цени на производите во трговијата на мало се до 100 денари за свежи зелени пиперки, 95 денари за 1 килограм свежи домати, 95 свежи краставици, 95 гравот, 70 денари за кромид, 110 денари за леќа, 75 денари за банани, 65 за мандарини и по 60 денари за портокали и лимони“, се наведува во одлуката за корекција на цените на овошјето и зеленчукот.

Во меѓувреме, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека истрагата против увозниците ќе оди до крај се додека не се утврди одговорност од сите страни.

„Царинската управа сега ја достави својата документација до соседните земји, од каде увозот се вршеше во Турција и Грција, доколку навреме ги добиеме резултатите ќе излеземе со заклучок дека е оштетен државниот буџет. Јавно можам да ви гарантирам дека оваа работа ќе оди до крај“, рече Бектеши.

Во координираната акција викендов Државниот пазарен инспекторат, Финансиската полиција и Управата за јавни приходи извршија проверки на даночни обврзници кои вршат трговија на големо и мало со зеленчук и овошје на територијата на Скопје, Струмица и Дебар. УЈП изврши проверки согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, од извршените проверки изречени се глоби за следните прекршоци:

Управа за јавни приходи:

Прекршок по член 21-б за неиздавање фискални сметки за завршен промет на стоки;
Прекршок од член 21, за недавање под закуп и непријавување на резервна фискална опрема;
Прекршок по член 21, за неводење книговодствена евиденција за дневни финансиски извештаи.

Засега ниту Пазарниот инспекторат, ниту Финансиската полиција ниту УЈП не спомнуваат дека акцијата е спроведена за фалсификување фактури, корупција во царината или даночно затајување за кое постои сомневање дека е направено од 2007 година. За три дена се извршија проверки во над 30 увозници и трговците на големо и мало и беше утврдено дека во нивните магацини имаше залихи на производи. Во некои од нив биле пронајдени и 300 тони грав, кои требало да бидат пуштени на продажба. Сите ќе се соочат со казни од 800 до 10 илјади евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button