СВЕТ

По изборите за ЕП, избори и депонирани оставки

По изборите за ЕП, избори и депонирани оставки

Јакнењето на екстремната десница, слабеењето на Емануел Макрон, неизвесната иднина на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, падот на германските екологисти и големата излезност ги одбележаа изборите за Европскиот парламент. Центристичката листа на Макрон  освои 15 отсто од гласовите, по што тој го распушти Собранието и закажа предвремени избори.

Advertisements

„Одлучив преку гласање да ви го вратам изборот на нашата парламентарна иднина. Затоа го распуштам Народното собрание. Ќе го потпишам указот за распишување парламентарни избори, кои ќе се одржат на 30 јуни за прв круг и на 7 јули за вториот“, рече Емануел Макрон, претседател на Франција.

Лош резултат имаа и владејачките партии во Германија. Левичарската Социјалдемократска партија на канцеларот Олаф Шолц освои околу 14 отсто поддршка, што е послаб резултат од 2019 година. Социјалдемократите, зелените екологисти и про-бизнис Слободните демократи обезбедија помалку од една третина од гласовите. Тие изгубија околу 20 места и ќе имаат нешто повеќе од 50 европратеници. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека изборите ја дале пораката за патот по кој треба да се оди.

„Овие избори ни дадоа две пораки. Прво, останува мнозинството во центарот за силна Европа и тоа е клучно за стабилноста. Со други зборови, центарот држи, но исто така е точно дека екстремите кон лево и десно добија поддршка. Сите сакаме силна и ефективна Европа. Мојата цел е да продолжам по овој пат со оние кои се проевропски, про-украински, про-владеење на правото и од утре оваа работа повторно започнува“, нагласи Урсула фон Дер Лејен, претседателка на Европската комисија.

Екстремно десничарската партија „Браќата на Италија“ на италијанската премиерка Џорџија Мелони победи на европските избори со околу 29 отсто од гласовите, со што ја зацврсти својата улога во Европа. Партијата Нова демократија на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис обезбеди 28,31 отсто од гласовите, освојувајќи седум места во Европскиот парламент. Десницата триумфираше и во Австрија, Шпанија, Полска, Бугарија, Унгарија и Хрватска. Левичарските партии победија во Данска, Шведска, Финска, Белгија и Холандија..Белгискиот премер денеска ја депонираше својата оставка до кралот

На овие европски избори гласаа околу 51 отсто од речиси 400 милиони гласачи, од 27 земји на ЕУ. Аналитичарите ги оценија  како многу добра порака за демократијата и легитимноста на Европскиот парламент./Алсат.мк

Џесика Салахи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button