ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По локалните избори ќе се знае дали „Влен“ ќе стане една партија

ВЛЕН ќе функционира како коалиција до локалните избори. Се разгледува идејата за спојување во една партија. Првиот човек на Тетово, Билал Касами рече дека дотогаш соработката ќе продолжи во ваква форма.

Advertisements

„Сакаме овој процес да биде природен. Така оценивме дека досега имавме одлична соработка. Така ќе одиме до локалните избори, а потоа ќе одиме чекор понатаму со идејата за формирање политички субјект“, рече Касами.

Од последната средба на партиските лидери е одлучено да се формираат координативното тело и кадровската комисија.

„Првично координативно тело ќе бидат лидерите на партиите и плус еден член на партијата, вклучувајќи го и Беким Ќоку како претставник на Самоопределување. Тоа ќе биде координативно тело од 9 члена кое ќе ја носи политичката одлука на Коалицијата ВЛЕН. Се договоривме да има и кадровска комисија која ќе се занимава со поставување на кадри и политички прашања за вработување и се што има врска со соодветната застапеност на Албанците во државните институции“, додава Касами.

ВЛЕН беше формирана како коалиција пред претседателските и парламентарните избори составена од Демократското движење, Движењето Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и претставници на Движењето Самоопределување во земјата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button