ВЕСТИСВЕТ

По неколку месеци под клуч поради ковид-19, Ајфеловата кула отворена за посетители

По неколку месеци поминати под клуч како дел од рестрикциите поради ковид-19 од денеска Ајфеловата кула се отвора за посетители. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19.

Advertisements

Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна да се шири во Европа. Посетителите на Ајфеловата кула мора да носат маски и да одржуваат социјална дистанца.

Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан ковид-19. Ова правило во моментов не важи за малолетници.

Ајфеловата кула секоја година обично ја посетуваа околу 7 милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button